http://effetporcenikolov.blogspot.mk/
СУГСГ „ОРЦЕ НИКОЛОВ“
Еразмус+, проект „ Ефект
Пеперутка“ 2015-2018
Престој во Полска (27 мај- 3 јуни, 2017)
27.05.2017
По неколку недели напорна работа и креирање на нашите презентации, постери
и видеа конечно дојде денот да се замине во Полска. Утрото беше малку поладно
од вообичаено. Денот беше напорен и по два лета, шест часа преседување и час и
половина возење конечно стигнавме во Червионка на полноќ. Се сместивме кај
фамилиите, возбудени за неделата што следува.
28.05.2017
Неделата беше ден за запознавање со семејствата. Сите учесници и нивните
домаќини имаа слободен ден, уживајќи во индивидуалните активности. Повеќето од
семејствата имаа прилика да го посетат градот Пшчина и неговиот прекрасен
дворец.
29.05.2017
Работната недела започна со посета на општината каде што бевме
гостопримливо примени од страна на градоначалникот. Потоа заминавме на разглед
на „рударскиот град“ со неговите многубројни куќи- сите уникатни на свој начин.
При посетата имавме шанса да се запознаеме со начинот на живот на рударските
семејства како и да видиме како изгледале куќите одвнатре во тоа време. Од тука
се упативме кон рудникот. Ги посетивме просториите кои порано служеле за средба
пред работниот ден. После рудниот следуваше училиштето. По официјалното
запознавање и претставување на нашите училишта и видеа започна разгледот на
целото училиште. Имавме можност да ги посетиме сите училници и стручни кабинети
како и прототипот на рудник, што беше навистина фасцинантно. Тука заврши нашиот
прв работен ден.
30.05.2017
Вториот ден, иако многу напорен, имаше навистина богата содржина. Денот
започна со посета на ботаничките градини Миколов-Мокре каде што накратко се
запознавме со флората и мртвата природа на тоа поднебје. По неколкучасовна
прошетка се вративме во училиштето. Таму започна „спортскиот ден“ преполн со
активности, танцови, музичко столче..Во попладневните часови, сите изморени
заминавме со нашите домаќини.
31.05.2017
Среда беше денот што сите го чекавме. Денот започна многу рано, кога сите
возбудени се качивме во автобусот тргнувајќи за Краков. Кога пристигнавме во
Краков, најпрво имавме обиколка околу овој безвременски град. Во 11ч пред
базиликата Св.Марија го слушнавме свирењето на „Hejnalista“. По слободното време се упативме кон фабриката
на Оскар Шиндлер. Посетата на музејот како и дискусиите во врска со животот и
придонесот на Шиндлер навистина ги проширија нашите хоризонти. По фабриката
следуваше работилницата за етно дизајн на која што изработивме еко платнени
торби со импровизирани традиционални полски шари. Тука заврши нашата посета на
Краков и сите уморни, но задоволни заминавме за Червионка.
01.06.2017
Првиот
ден од новиот месец беше исто толку содржински како и претходнике денови.
Утрото го посетивме манастирот во Руди, и неговите прекрасни градини. Потоа го
посетивме домот на еден локален пчелар и се запознавме со целиот процес на
производство на мед, како и причините зошто пчелите се толку важни за сите нас.
Следуваше мала работилнца за изработка
на свеќи од пчелин восок и можност да се дегустира медот. Откако се вративме во
училиштето, ги презентиравме нашите плакати на еднемични видови и со тоа заврши
и овој работен ден.
02.06.2017
Последиот
работен ден започна во училиштето, со презентација за алтернативни извори на енергија,
проследена со работилница за правење „домашни“ ветерници. По презентацијата
имавме завршна дискусија разговарајќи за образовните системи во Македонија,
Полска, Германија и Италија. Тука заврши нашата работна недела и сите ученици
со своите домаќини заминаа за Рибник на слободна прошетка.
03.06.2017
По
срдечните поздрави со сите учесници(сега другари) заминавме за Македонија,
носејќи со себе нови знаења, нови стекнати пријателства и само убави спомени.
Скопје, 10.06.2017
Анкица Соколиќ, трета година, билингвална француска паралелка