Во
рамките на веќе традиционалната размена на учениците помеѓу нашето училиште и
училиштето Charles Baudelaire од градот Roubaix во Франција, а по покана од
страна на директорот на училиштето, J. Hugue и координаторот на ова
партнертство од Франција, Chrystelle Le Тulzo, беше реализирана проектната
размена во период од 05-18.10.2017 година во придружба на професорите
франкофони Сузана Стојчевска, Анастазија Белевска Велчовска, Јасмина Ивковска и
Милица Митревска.
Во оваа размена учество имаа учениците од билингвалните
паралелки од втора, трета и четврта година. Учениците од втора година имаа
задача да изработат водич за патување којшто содржи податоци за секое од
местата што ги посетувавме како број на жители, територија, најзначајни објекти
за посета и сл., којшто попатно беше презентиран пред местото на посета.
Учениците од трета и четврта година, пак, имаа задача да изработат проект на
тема Прва светска војна – Млади, мир и помирување. Во овој проект беа вклучени:
видео презентација со мотиви од Првата светска војна во која што зборуваше
човек кој бил дел токму од овој воен немир, како и интерактивна мапа со
граници, фронтови и важни личности од Првата светска војна.
Во градот Roubaix поминавме три дена (08-10.10.2017), од коишто два во склоп со програмата на училиштето Charles Baudelaire и несомнено си поминавме прекрасно.
Во градот Roubaix поминавме три дена (08-10.10.2017), од коишто два во склоп со програмата на училиштето Charles Baudelaire и несомнено си поминавме прекрасно.
Првиот ден (08.10) пристигнавме во хотелот во
доцните часови. За време на вториот и третиот ден(09-10.10) ја следевме
програмата што беше предвидена од училиштето-партнер. Приемот беше токму пред
училиштето каде што нè пречека координаторот на овој проект, Chrystelle Le Тulzo.
Најпрвин, имавме поздравен говор од директорот на ова училиште. Потоа следеше
прошетка во паркот што се наоѓаше непосредно до училиштето. Следно што
посетивме беше музеј-куќата Villa Cavroix кадешто можевме да видиме како
изгледала типична куќа на eдно аристократско француско семејство од триесетите
години на минатиот век.
Потоа го посетивме градот Lille во придружба на учениците од Roubaix кои учествуваа во проектната размена што се случи пролетта, оваа година во Скопје, каде што најпрвин ги посетивме најважните места по коишто е познат овој град, а потоа имавме и слободно време за прошетка, ручек и фотографирање со знаменитостите.
Потоа го посетивме градот Lille во придружба на учениците од Roubaix кои учествуваа во проектната размена што се случи пролетта, оваа година во Скопје, каде што најпрвин ги посетивме најважните места по коишто е познат овој град, а потоа имавме и слободно време за прошетка, ручек и фотографирање со знаменитостите.
Следната активност што следеше беше кога учениците од
трета и четврта година од нашето училиште го презентираа својот проект којшто
беше точно, прецизно и прекрасно изработен. Темата на овој проект гласеше Прва
светска војна – Млади, мир и помирување. Веднаш по нашата, следеше и
презентацијата на гимназијата Charles Baudelaire. Во нивната презентација на
многу интересен начин ни беа презентирани обележјата по коишто Франција е позната.
Ни беше претставена француската кујна, споменици, катедрали и сл.
Потоа следеше ручекот што беше организиран од училиштето Charles
Baudelaire во неговата кантина, каде што имавме можност да видиме како
учениците од Франција го минуваат времето за ручек, а исто така и да ја вкусиме
нивната кујна.
Подоцна, бевме и во посета во општината, каде што имавме
поздравен говор од претставници од општината на градот Roubaix, а потоа следеше
коктел што беше организиран во наша чест. Исто така ни беа доделени и подароци
како знак на сеќавање на ова патување.
Потоа го посетивме музејот La piscine каде што беа изложени цртежи, фотографии, скулптури што припаѓаат на применетата уметност од 21 век. Последното нешто што посетивме беше катедралата Saint Martin.
Потоа го посетивме музејот La piscine каде што беа изложени цртежи, фотографии, скулптури што припаѓаат на применетата уметност од 21 век. Последното нешто што посетивме беше катедралата Saint Martin.
Утрото,
следниот ден бевме испратени со надеж да се оствари уште како досегашните веќе
успешни реализирани училишни размени.
На
денот 11.10.2017, утрото од градот Рубе тргнавме кон Париз. Во Париз пристигнавме
во претпладневните часови и се упативме кон Версај. Во Версај го видовме
прекрасниот дворец на француските кралеви и големите раскошни градини коишто се
во дворот на замокот. Го доживеавме раскошниот живот на кралевите во тоа време и
убавината на целиот дворец што сега е историски музеј и го посетуваат милиони
туристи годишно. По завршената прошетка во Версај се упативме кон најпозната
улица во Париз ,,Шанзелизе’’. На улицата
ја видовме Триумфалната капија која е значаен историски споменик за Франција,
особено за Париз. Имавме слободно време за прошетка и фотографирање. Денот го
продолживме кон Ајфеловата кула, тргнавме пеш за поубаво да го запознаеме
градот.
Внатрешноста на катедралата и нејзиниот амбиент нè остави без зборови. Попладневните часови ги поминавме во Латинскиот кварт каде што ја искусивме топлата француска кујна. Од надвор го видовме Универзитетот Сорбона и се прашувавме дали би имале можност еден ден да се најдеме токму овде. На сите ни беше добро позната важноста на овој универзитет па сите бевме заинтересирани за неговиот изглед. Одејќи по булеварот Сен Мишел пристигнавме до паркот Луксембург со неговите пространи градини коишто тогаш беа исполнети со туристи кои уживаа во последните зраци од сонцето. Невозможно беше некој да остане рамнодушен на ваквите шарени полиња и лежерна атмосфера. Покрај широките пространства на зеленила окупирани од деца и родители и стотици скулптури и фонтани, се извишуваше Францускиот Сенат. Во вечерните часови бевме да го посетиме така наречениот споменик на културата Монтмартр. Тоа е рид којшто ја поседува највискота точка на Париз и се наоѓа од десната страна на реката Сена. Се пристига со фуникуларот или пак се искачуваат 222 скали. Тука се наоѓаат познатите цркви Сент-Пјер и Сент-Жан. На улицата Сент Венсен има малo лозје кое ја продолжува старата традиција на производство на вино на Монмартр, а денес туристите го посетуваат за да го почувствуваат духот на времето и на уличното сликарство на Плас Ду Тетр. Многу уметници имале атељеа и живееле тука како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, и Винсент ван Гог. Монмартр е познат најмногу по Базиликата Сакр-Кер којашто се наоѓа на неговиот врв и како место за ноќен живот, познато по славните париски кабареа. Денот заврши одлично, сите заедно пеевме во придружба на еден уличен гитарист кој ги полнеше срцата на многу туристи. Веројатно сите ги потиснаа своите проблеми и се препуштија на неодоливата глетка која ни ја нудеше Монтмартр, а самиот Париз повторно топло не угости со насмеани лица, добра музика и распространета уметност.
Го посетивме ,,Трокадеро’’ плоштадот од каде што целосно се гледа обележјето на Париз – Ајфеловата кула. Градот на љубовта и модата го видовме од највисоката гледна точка. Се искачивме на врвот на Ајфеловата кула и го гледавме овој прекрасен град во вечерните часови. Беше прекрасно. По прекрасно завршениот ден се упативме кон хотелот и преноќивме.
Еден прекрасен ден беше и 8от ден од нашето патување. Го поминавме во Париз. Во раните утрински часови ја прошетавме улицата Риволи, позната по продавниците и кафулињата. Следно за посета беше катедралата Нотр Дам којашто дневно е посетувана од околу 30.000 луѓе. Оваа катедрала претставува најубав пример за готската архитектура којашто не може да не се забележи на прв поглед. Катедралата уште се нарекува и Богородична црква во чијашто чест е изградена.Внатрешноста на катедралата и нејзиниот амбиент нè остави без зборови. Попладневните часови ги поминавме во Латинскиот кварт каде што ја искусивме топлата француска кујна. Од надвор го видовме Универзитетот Сорбона и се прашувавме дали би имале можност еден ден да се најдеме токму овде. На сите ни беше добро позната важноста на овој универзитет па сите бевме заинтересирани за неговиот изглед. Одејќи по булеварот Сен Мишел пристигнавме до паркот Луксембург со неговите пространи градини коишто тогаш беа исполнети со туристи кои уживаа во последните зраци од сонцето. Невозможно беше некој да остане рамнодушен на ваквите шарени полиња и лежерна атмосфера. Покрај широките пространства на зеленила окупирани од деца и родители и стотици скулптури и фонтани, се извишуваше Францускиот Сенат. Во вечерните часови бевме да го посетиме така наречениот споменик на културата Монтмартр. Тоа е рид којшто ја поседува највискота точка на Париз и се наоѓа од десната страна на реката Сена. Се пристига со фуникуларот или пак се искачуваат 222 скали. Тука се наоѓаат познатите цркви Сент-Пјер и Сент-Жан. На улицата Сент Венсен има малo лозје кое ја продолжува старата традиција на производство на вино на Монмартр, а денес туристите го посетуваат за да го почувствуваат духот на времето и на уличното сликарство на Плас Ду Тетр. Многу уметници имале атељеа и живееле тука како на пример Салвадор Дали, Клод Моне, Пабло Пикасо, и Винсент ван Гог. Монмартр е познат најмногу по Базиликата Сакр-Кер којашто се наоѓа на неговиот врв и како место за ноќен живот, познато по славните париски кабареа. Денот заврши одлично, сите заедно пеевме во придружба на еден уличен гитарист кој ги полнеше срцата на многу туристи. Веројатно сите ги потиснаа своите проблеми и се препуштија на неодоливата глетка која ни ја нудеше Монтмартр, а самиот Париз повторно топло не угости со насмеани лица, добра музика и распространета уметност.
Од
особена важност ни беше ова патување бидејќи цели девет дена престојувавме во
држави каде што мајчин јазик е францускиот. Како француска билингвална
паралелка ја имавме оваа предност да можеме директно да се вклучиме во
комуникацијата со француски зборувачи на токму овој јазик. Искрено, се радуваме
за оваа соработка и очекуваме уште повеќе нови размени со уште многу незаборавни искуства.
Андријана Атанасовска, Филип Тодосов, Ангела Блажеска, клас II9
Андријана Атанасовска, Филип Тодосов, Ангела Блажеска, клас II9
Aucun commentaire:
Enregistrer un commentaire