Проектната размена на учениците со
Гимназијата “Пирот“ од Пирот, Србија
Во
периодот од 23 -27 . 10. 2016 изведена е проектната размена на учениците со
Гимназијата “Пирот“ од Пирот, Србија, во придружба на професорите Сузана
Дулеска и Милица Митревска и 26 ученици од билингвалните француско-англиски
паралелки I-9 и II-9.
Проектот под име “ Од Вардар до
Нишава “ е веќе традиционален и се
одвива со взаемни активности на учениците .
Според програмата првиот ден
беше резервиран за презентации на училиштата и проектите како и информации за проектни размени со други училишта и други држави.
За време на престојот учениците
домаќини и нашите ученици присуствуваа на часовите по физика, хемија, српски
јазик, работилница по француски јазик, работилница по англиски јазик а земаа учество и во културно забавната
програма и спортските активности.
Следи посета на учениците од Пирот во текот на второто полугодие учебна
2016/2017
Aucun commentaire:
Enregistrer un commentaire