-->
МОЈОТ ГРАД
-->
а) со училиштето Бодлер од Рубе, Нор па д Кале(соработка од јуни 2006 година) и
б) со училиштето Морандиер од Гранвил, Долна Нормандија(соработка од јуни 2008 година).
Соработката се одвива преку работа на заеднички проекти на теми од екологијата, заштита на животната средина, исхраната и здравјето на младите. Во учебната 2009/2010 година заедничка тема со партнер-училиштата е "МОЈОТ ГРАД". Во проектот се вклучени 60 ученици од билингвалните паралелки на француски јазик од прва до четврта година и 5 професори.
Учениците се поделени во 8 групи според поттемата што ја работат:
1. Историја на градот Скопје(културно-историски споменици, музеи, цркви, џамии, тврдини),
- Културниот живот во градот, цивилизација, мултикултура(традиционални и хуманитарни манифестации, претстави, фестивали, концерти, театри, опера, бела ноќ, ден на виното и сл.).
Анкета: Колку учениците од гимназијата ги следат и учествуваат во овие настани?
- Спорт: спорт во градот, во училиштето, спортски терени, спортски сали во градот, базени.
Анкета: Колку учениците од гимназијата спортуваат?
- Зелени површини во градот и училиштето: градини, паркови, булевари, еколошки акции: Ден на дрвото, Ден на екологијата. Учество на учениците во овие акции.
- Јавниот транспорт во градот и загадување на воздухот(промоција на јавниот превоз и користење на велосипедите).
- Како можеме да заштедиме енергија (во училиштето, дома)?
Обновливи извори на енергија во градот, заштита на животната средина.
(Учество на предавања, дебати, изработка на постери, изложба).
- Водата во градот: снабдување, извори, заштита на изворите на вода за пиење, пречистување на отпадните води, заштеда на вода во градот, дома, во училиште.
- Третирање на отпадот во градот(собирање, селектирање, рециклирање).
Предавања, едукативни работилници, еколошка акција во училиштето.
Главни цели на проектот се:
-предизвикување на реакција кај младите за последиците од загадувањето на животната средина и нивно активно вклучување во нејзината заштита,
-продлабочување на знаењата и зголемување на интересот кон природно-математичките и информатичките науки,
-подобрување на знаењата на францускиот јазик,
-интеркултурна размена.
Проектот се работи во текот на учебната година и се презентира во нашето училиште, како и при престојот на учениците и професорите во соодветното партнер училиште според однапред утврдена програма.
Во текот на престојот во Франција или Македонија предвидено е сместување на учениците и професорите во семејства од земјата домаќин.
ПРОЕКТ АЛМАКТИС - ВО КОРЧА, АЛБАНИЈА 2010
Aucun commentaire:
Enregistrer un commentaire